Италијанскиот премиер Ренци со слаб резултат на локалните избори
01.06.2015 13:31
Значителен успех пак, остварија популистичкото Движење „Пет ѕвезди“ и десничарската Лига за северот...

Италијанскиот премиер Матео Ренци и неговиот Лев центар претрпеа поголеми загуби од очекуваното на вчерашните регионални избори кои се сметаа за тест на неговата влада.
Значителен успех пак, остварија популистичкото Движење „Пет ѕвезди“ и десничарската Лига за северот. Четврта по резултатите е Форца Италија, партијата на поранешниот премиер Берлускони.
Локалните избори немаат големо влијание врз националната политика, но се сметаат за предупредување за Ренци пред борбата за реформите во парламентот.
