Јавен конкурс за набавка на програмски содржини

01.06.2015 13:35

Ј  А  В  Е  Н   К  О  Н  К  У  Р  С

ЗА НАБАВКА НА ПОГРАМСКИ СОДРЖИНИ

 

 

Македонската Радио Телевизија објавува ЈАВЕН КОНКУРС за набавка на аудио или аудиовизуелни дела, односно на програмски содржини за 2015 и за 2016 година. Право да учествуваат на јавниот конкурс имаат независни продуценти – физички и правни лица.

Програмите на независните радио и телевизиски продукции се однесуваат на радио и телевизиски емисии од информативна, играна, документарна, културна, уметничка, образовна, детска, забавна и спортска содржина, како и содржини посветени на различните етнички заедници и други содржини со кои се обезбедуваат правата и интересите на граѓаните.

Независните продуценти мора да достават изработени синопсиси, сценарија или со готови пилот епизоди, како и финансиски калкулации за конкретните програми. Апликантите готовите предлог проекти ги доставуваат во Архивата на МРТ.

             

 

Со почит,

МРТ