Продолжен рокот за пријавување субвенции
Продолжен е рокот за пријавување субвенции на земјоделските работници кој беше до 31-ви мај. Овој рок е продолжен до крајот на месецов до 30-ти јуни. Од Агенцијата за поддршка на земјоделието во Струга ги известуваат и млекопроизводителите дека рокот за поднесување барање за субвенции за млекото е 15-ти јуни оваа година...

Рокот кој беше до 31-ви мај оваа година за пријавување субвенции согласно програмата за финансиска поддршка во земјоделството е продолжен за еден месец или до 30-ти јуни 2015-та година.
Од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделство од Струга ги потсетуваат млекопроизводителите дека крајниот рок за поднесување барање за субвенции за млеко предадено на млекара е до 15ти Јуни.
Од Агенцијата апелираат до земјоделските производите за било какви информации од областа на земјоделието дека можат да се обратат во канцеларијата во градскиот пазар на спрат каде земјоделците ќе имаат можност сите оние нејаснотии и било какви информации во врска со ова да ги добијат навремено и точно.
Јованчо Наумоски
