Бесплатен одмор за 2.000 деца во социјален ризик

03.06.2015 12:24

Право да аплицираат родителите кои што се корисници на социјална парична помош, исто така родителите кои што се корисници на детски додаток, родителите кои што се корисници на посебен додаток, односно родителите на децата со пречки во развојот како и право на бесплатнен одмор ќе имаат децата без родители и родителска грижа...

Објавен е јавниот повик за користење на услугата  бесплатен летен одмор за децата од семејствата во социјален ризик, децата од семејствата приматели на социјална парична помош, децата без родители и родителска грижа како и децата со пречки во развојот од петто до деветто одделение, информираше денеска министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

„Оваа година планираме да опфатиме 2.000 дечиња од семејствата во социјален ризик за бесплатен летен одмор во Струга, во период од 7 дена, односно 6 полни пансиони. За реализација на овој проект, за ова лето обезбедени се 8 милиони денари. Јавниот повик ќе трае до 17 ти јуни“, нагласи министерот Спасов.

Право да аплицираат родителите кои што се корисници на социјална парична помош, исто така родителите кои што се корисници на детски додаток, родителите кои што се корисници на  посебен додаток, односно родителите на децата со пречки во развојот како и право на бесплатнен одмор ќе имаат децата без родители и родителска грижа.

Овој проект владата го реализираа од летото 2012-та година. До сега оваа бесплатна услуга за летен одмор ја искористија 6.000 дечиња, додека бесплатната услуга за зимски одмор ја искористија 3.000 дечиња, односно со овој проект се опфатени 9.000 дечиња и 9.000 семејства кои се во потешка сосотојба и добија поддршка од државата и можност да ги пратат своите деца на бесплатен летен и зимски одмор.