Конкурс за фестивалот „ Цветници “ 2014
Македонската Радио Телевизија распишува конкурс за избор на оригинални, новосоздадени авторски песни во духот на македонската фолклорна музичка традиција , коишто ќе бидат изведени на фестивалот „ Цветници “ 2014 та во Скопје.
o Песните коишто ќе бидат испратени на конкурсот, треба да бидат во духот на македонската мелопоетска традиција , со текст на македонски јазик, со задржани ритмичко-мелопоетски структури, со слобода за современи хармонски и аранжерски авторски решенија .
o На конкурсот учествуваат интерпретатори кои ги застапуваат правата и обврските на своите авторско-изведувачките тимови, со композиции снимени како дефинирана демо снимка со вокал кој добро ќе ја изразува музичко – текстуалната смисла на композицијата, со текст во три примероци, на аудио ЦД формат.
o Еден интерпретатор може да учествува на конкурсот со повеќе композиции и авторски тимови.
o Вкупното времетраење на композициите не смее да надминува 4 минути, а истите не смеат да бидат претходно изведувани или емитувани на носач на звук.
o Македонската Радио Телевизија го задржува правото на прво јавно изведување на песните со Големиот Народен Оркестар , како и издавање на композициите коишто ќе бидат примени на конкурсот.
o Секоја композиција селектирана на конкурсот, ќе добие финансиски надомест од 42 ооо денари за комплетниот авторско – изведувачки тим.
o Фестивалот „ Цветници “ 2014, ќе има натпреварувачки карактер. Победничката композиција ќе биде наградена со сума од 900 ,000 денари, второплсираната со сума од 600,000 денари и третопласираната композиција на фестивалот со сума од 300, 000 денари.
o Право на учество на конкурсот има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија .
o Песните за конкурсот со демо снимка на ЦД, во затворен коверт, се испраќаат по пошта на адреса : МУЗИЧКА ПРОДУКЦИЈА НА МРТ, со назнака ЗА ФЕСТИВАЛОТ „ЦВЕТНИЦИ“ 2014 , бул.„Гоце Делчев “ б.б.1000 Скопје, или се доставуваат во архивата на ЈП МРТ.
o Конкурсот трае од 13 ти декември 2013 та до 13-ти февруари 2014
o Материјалите пристигнати на конкурсот, МРТ нема обврска да ги враќа на авторите.