ЕУ дипломатите до политичарите: Граѓанските над партиските интереси

03.06.2015 16:59

Иако средбата на 17- те дипломати со премиерот Груевски доаѓа само ден по разговорите на политичките лидери со комесарот Хан, според евроамбасадорот Орав, таа не е продолжение, туку била претходно планирана...

За надминување на политичката криза да се работи во интерес на граѓаните, над партиските интереси, со добра воља да се најде одржлив излез- порака од европските амбасадори во земјава.

Иако средбата на 17- те дипломати со премиерот Груевски доаѓа само ден по разговорите на политичките лидери со комесарот Хан, според евроамбасадорот Орав, таа не е продолжение, туку била претходно планирана.

Се разговарало за можните решенија за излез од актуелната политичка криза.

„Денеска ги слушнавме ставовите на премиерот за тоа како планира да се справи со сериозните прашања за владеењето на правото и да ја врати довербата во институциите. Ги повикуваме сите релевантни фактори да ги исполнат обврските брзо и со добра волја со цел да се најде одржлив излез од кризата“, рече евроамбасадорот Аиво Оарв во име на сите дипломатски претставници од ЕУ акредитирани во земјава.

Вакви средби европската дипломатија во земјава најави и со другите политички лидери Заев, Ахмети и Тачи. Орав заедно со американскиот амбасадор Бејли вчера беше присутен на маратонската средба на која политичките лидери со посредство на Хан бараат начин да ги приближат ставовите и најавија нови праламентарни избори до април 2016- та.

 

Сузана Фиданска - Стоевска