ЕК: Обврските што ги презедоа партиите да се спроведат во добра волја
„Најважно е сите работи кои се или ќе бидат договорени, да бидат имплементирани со добра волја“ - вели портпаролката на еврокомесарот Хан, Маја Коцијанчич. Според неа, терминот „транизициски период“ не треба да се толкува буквално, туку како состојба во која претстојат предизвици што треба да се исполнат...

Европската комисија со јасна порака – „Политичките партии да ги спроведат обврските кои ги превземаа“, истакна портпаролот на комесарот Хан, Маја Коцијанчич во Брисел.
„Во разговорот сите политички партии потврдија дека се обврзуваат да ги стават интересите на граѓаните, заедниците и државата на прво место. Бројни прашања беа отворени со цел државата да се соочи со предизвиците, за многу прашања и мерки е постигната согласност, но има уште неколку кои ќе треба да се договорат. Она што е најважно е сите работи кои се договорени и кои ќе бидат договорени да бидат имплементирани пред се со добра воља“, изјави Коцијачич.
Коцијанчич повтори дека договорено е да се спороведат предвремени избори до крајот на април следната година, во меѓувреме земјата да се посвети кон реформите во судството, обфатени во поглавјата 23 и 24.
Портпаролката конечно и го демистифицира терминот „транзициски период“ во изјавата на комсарот Хан, кој во дел медиумскиот простор беше протолкуван како „транзициона влада“.
„Не би го нарекла тоа транзиционен период, повеќе е состојба во која предстојат предизвици. Ова е ситуација во која сите сме свесни дека постоечката криза мора да се реши, и сите наши напори се во таа насока“, нагласи Коцијанчич.
Од ова, станува јасно дека Брисел не размислува за некаква транзициона влада туку, како што рече Коцијанциц во Македонија се користи методологија која треба да и помогне на земјата да напредува во евроатланскиот процес.
И конечно на следната средба на полтичките лидери со европските преставници закажана за на 10 јуни во Брисел се очекува веке догоовреното да биде и парафирано од сите засегнати страни.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
