Анализа: СДСМ без програма за излез од кризата
Проекти наспроти безидејност – вака познавачите на состојбите моментални ги перцепираат ВМРО-ДПМНЕ наспроти СДСМ. Новинарката Мирка Велиновска вели дека предноста секогаш ќе имаат политичките елити кои ќе ги бранат државните и националните интереси, а не врхушки кои играат под диктат на меѓународната заедница...

„СДСМ е партија без концепт и без изграден политички и идеолошки профил и тешко може да и парира на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која се покажа дека во минатиов период понуди солидни проекти за подобрување на економските и социјалните состојби во државата“, вели новинарката Мирка Велиновска, по епилогот од разговорите во Скопје на кој беа договорени предвремени парламентарни избори до крајот на април 2016 година. Според неа, развојот на настаните ја потсетува на сценариото од 2001-та година.
На прашањето - каков епилог очекува на предвремените парламентарни избори, Велиновска со став дека ќе им биде тешко и на ВМРО-ДПМНЕ, која ја управува кризата, но, и на СДСМ кои ја предизвикаа кризата.
Заклучува дека е најважно да има политички елити кои ќе ги бранат државните и националните интереси, а не врхушки кои играат под диктат на меѓународната заедница. Експертската јавност оценува дека потегот на Груевски да прифати предвремени избори е одговор на оние кои сакаат дестабилизација на земјата.
Игор Панов
