Врнежите од дожд - добредојдени за земјоделците
08.06.2015 10:30
Доколку доволно не наврне есенските и пролетните култури ќе треба да се наводнуваат...

Отсуството на врнежи се чувствува на земјоделските површини. Влага има во подлабоките слоеви на почвата, но недостасува површинската.
Според агрометеорологот, Ангелко Ангелески од Управата за хидрометеоролошки работи, врнежите се потребни и за есенските и за пролетните посеви.
Во регионите кои нема да бидат зафатени со влажен бран, неопходно е активирање на системите за наводнување, за налевање на зрното кај есенските посеви, и за никнување и развој на пролетните култури.
Методија Трајков
