Со „Гурман фест“ започна туристичката сезона во Дојран

08.06.2015 10:51

Со традиционалната манифестација „Гурман фест“и официјално започна летната сезона во Дојран. Локалните специјалитети и рачните изработки ги стимулираат угостителите и ги мами гостите за кои дојран станува се попривлечно место за одмор...

Дојранчани по третпат ги покажаа своите гурмански мајстории. На традиционалниот фестивал „Гурман фест“ ги почестија гостите со специјалитети од риба, маслинка, печива. Туристите, но и домаќините очекуваат плодбна туристичка сезона.

Дојранската кујна има посебен шмек, велат вештите кулинари. И машко и женско со свој посебен рецепт за гостопримливост на фестивалот.

Дојранските домаќинки се уште го негуваат и стариот вез. Велат денес младите многу ретко ја учат оваа вештина.

Со Гурман фест почнува и официјално новата туристичка сезона во Дојран. Градона.ачлникот стамов вели дека ова е начин да се стимулираат угостителите да ги вратат старите дојрански специјалитети на своето мени. Туиристите ја сакаат дојранската кујна.

Лани, Дојран забележа рекорд од 120 илјади ноќевања. Локалните власти велат дека овој таргет е возможен и годинава. Освен храна, летово во Дојран ќе гостуваат и Каролина Гочева, Ману Чао, Кирил Џајковски и уште многу други познати групи и музички имиња.

 

Катерина Давчева