Двесте мигранти симнати од воз на станицата во Велес

08.06.2015 11:13

Емигрантите биле главно на возраст од 18 до 30 години. Вчера, пак, во сообраќајна несреќа беа повредени 14 емигранти кога комбито со кое илегално биле превезувани удрило во столб...

Синоќа oколу 200 емигранти од велешката полиција биле симнати од возот што сообраќа на релацијата Гевгелија– Скопје. Најголем дел биле Сиријци кои патувале со редовна линија. Емигрантите биле главно на возраст од 18 до 30 години. 

Вчера, пак, во сообраќајна несреќа беа повредени 14 емигранти кога комбито со кое илегално биле превезувани удрило во столб. Возачот се обидел да и побегне на полицијата, но подоцна бил приведен. Емигрантите се пренесени во прифатниот центар во Визбегово.