Во Берово, неформален форум за идните чекори во евроатлантските интеграции на Македонија
Меѓудругото, ќе се разговара и за предизвиците на земјава во новата гео-политичка реалност, како и кои иновативни чекори може да ги преземе Македонија во пресрет на следниот Самит на алијансата и процесот на пристапување...

Во Берово се организира неформален форум посветен на идните чекори во евроатлантските интеграции на Република Македонија. Домаќин на форумот е министерот Зоран Јолевски, а учествуваат поранешни министри за одбрана, членови на парламентот и претставници на тинк-тенк заедницата во САД.
Меѓудругото, ќе се разговара и за предизвиците на земјава во новата гео-политичка реалност, како и кои иновативни чекори може да ги преземе Македонија во пресрет на следниот Самит на алијансата и процесот на пристапување.
Воедно, на собирот ќе се разменат експертски мислења и за регионот и за позициите на Македонија.
