Над 38 илјади повици на „Ало докторе“

08.06.2015 11:35

Јавувањата најчесто се однесуваат на симптомна болка, кардиоваскуларни и респираторни симптоми...

Регистрирани се 899 повици за една седмица, од 1 до 7 јуни, на телефонската линија за медицински совет „Ало докторе!“. Од 15 септември 2014 година, од кога почна да работи телефонската линија, досега регистрирани се вкупно 38.003 повици. Дваесет и двајца доктори се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија, соопштуваат од Здравствениот дом Скопје.

Линијата  02/15 123 е достапна секој ден, 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

На сите оние лица кои се јавија на телефонската линија, како што се наведува, им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија. Јавувањата најчесто се однесуваат на симптомна болка, кардиоваскуларни и респираторни симптоми од променливите временски услови, совети за хроничните болни.