Двајца браќа од Тетово повредени во тепачк

08.06.2015 12:18

Повредените биле пренесени во тетовската Клиничка болница, од каде итно се префрлени во скопскиот Ургентен центар...

Синоќа околу 19 часот пред и во угостителскиот објект „Биби“ во Тетово се случила групна тепачка. Во тепачката учествувале вкупно четири лица. Како што информира МВР, по претходна вербална расправија, тројца го нападнале нивниот познаник, кој набрзо излегол од објектот, а потоа повторно се вратил и ги повикал тројцата да излезат за да се пресметаат.

Било употребено и ладно оружје (кујнски нож) со кое на двајцата браќа им нанесол повеќе расекотини и убодни рани во пределот на телото. Повредените биле пренесени во тетовската Клиничка болница, од каде итно се префрлени во скопскиот Ургентен центар.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид на местото на настанот. Ножот е пронајден и е предаден за вештачење. Полицијата се работи на целосно расчистување на случајот.