Во вагон на товарен воз откриени 18 мигранти
Мигрантите биле на возраст од 15 до 36 години, а со нив имало и едно седумгодишно дете...

Завчера околу 20 часот и 30 минути во вагон на товарен воз се откриени 18 мигранти. Возот сообраќал на релација од Солун до австрискиот град Ламбах, соопшти МВР. Мигрантите биле на возраст од 15 до 36 години, а со нив имало и едно седумгодишно дете.
Седумнаесет од нив биле од Авганистан, а еден од Ирак. Мигрантите се на возраст од 15 до 36 години. Од разговорот со нив е откриено дека немале организатор и по кажување на неколкумина, тие незабележано влегле во приколката додека сеуште се товарала и вратите биле отворени.
Од Македонски железници не е констатирана штета и недостаток на стоката која била во приколката. Лицата, илегални мигранти со протоколарен лист на преминот Евзони се предадени на Грција.
