Втора меѓународна конференција за климатски промени
Република Македонија, како дел од меѓународната заедница вложува напори за парафирање успешен договор за климатските промени во Париз на крајот од годинава...

Во Охрид се одржува втората Меѓународна конференција за климатски промени. „Сметам дека се организира во вистинско време, во услови кога се уште се справуваме со еколошките, социјалните и економските последици предизвикани од неодамнешните екстремни временски непогоди кои ја зафатија не само Македонија, туку и регионот во целина“, рече на отворањето министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири.
Република Македонија, како дел од меѓународната заедница вложува напори за парафирање успешен договор за климатските промени во Париз на крајот од годинава.
Конференцијата е во организација на Милиеуконтакт Македонија, во рамките на проектот на УСАИД за општински стратегии за климатските промени.
Овој проект овозможува креирање локални стратегии за климатските промени во 10 општини во државава, со што Националната агенда се преточува во локални акции.
