Расте бројот на резервации, се стабилизира туристичкиот пазар

11.06.2015 16:22

Се зголемува бројот на резервации, не се очекуваат нови турбуленции. Според податоците на Статистика, бројот на странски туристи за првите три месеци е зголемен за 14 проценти...

Нема нови откажувања на туристичките аранжмани. Се стабилизира туристичкиот пазар- велат од Агенцијата за подршка на туризмот. Се зголемува бројот на резервации, не се очекуваат нови турбуленции. Според податоците на Статистика, бројот на странски туристи за првите три месеци е зголемен за 14 проценти.

„Останавме на тие откажувања кои што беа. Нови откажувања на аранжманите нема, напротив, се зголемува бројот на резервации, букинзи. Се надеваме дека нема да има повеќе турбуленции, бидејќи додека има турбуленции во политичката сфера, туризмот прв ги чувствува негативните ефекти“, изјави Кристијана Џамбазовски, директор на Агенција за подршка на туризмот.

По вонредната седница на Агенцијата за туризам пореземени се дополнителни мерки за засилено присуство на регионалните пазари. Минатиот месец пет француски туроператори ја посетија Македонија. Предвидувањата за туристичката сцена се дека Балканот ќе биде идна светска афирмирана дестинација.

„Балакнот ќе биде идна светска афирмирана дестинација. Реално зборуваме, бидејќи многу кулура, историја, традиција, природни вредности има во овој регион“, смета Владо Србиновски.

Од почетокот на 2015- тата туристичите можности на Македонија се презентирани на 15 меѓународни саеми. Италијанско списание за мотоциклизам ќе ја претстави Македонија со статија. Ќе изготви видео преку кое ќе ја промовира нашата земја на меѓународниот саем за мотоциклизам во Милано.

 

Дијана Ценевска