Светска банка потврди: Македонската економија со највисоки стапки на раст

11.06.2015 16:32

Аналитичарите во Вашингтон посочуваат – со директни странски инвестиции во слободните економски зони и државните стимулации, Македонија покажа подобри економски перформанси од соседите...

Раст на македонската економија од три ипол проценти годинава предвидува Светката Банка. Во јунскиот извештај проектира, в година економијата да достигне 3,8 проценти, а во 2017-тата 4 насто раст.

Според податоците за Глобалните економски перспективи, македонската економија  ќе генерира најголемо зголемување на бруто домашниот производ во регионот. Аналитичарите во Вашингтон посочуваат – со директни странски инвестиции во слободните економски зони и државните стимулации, Македонија покажа подобри економски перформанси од соседите.

Србија е единствената земја на листата која може да доживее половина процент пад на економијата, скромен раст од 1,5 насто во 2016-та. Економскиот раст на Албанија е проектиран на 3 проценти за годинава, 3,5 за следната, БиХ е позиционирана на 2 отсто, 2,3 отсто в година. Според Светска банка, Бугарија би имала, годинава 1,1 за две години 2 проценти, растот на косовската економија се очекува да биде 3 проценти до декември, на Црна Гора 3,4.

Ниските цени на нафтата  ја намалија  стапката на инфлација, го подбрија дефицитот на тековната сметка, ја олабавија монетарната политика во земјите од регионот, од друга страна ниските цени придонесоа за дефлаторни притисоци– стои во рапортот на најголемиот светски кредитори. Укажуваат – зголемениот јавен долг ќе го ограничи прсоторот за фискална подршка на економскиот раст, банкарските системи ќе останат ранливи поради можното негативно влијание од кризата на грчките банки кои имаат удел во државите од регионот.

И Европската банка за обнова и развој во мајската прогноза проектира дека македонската економија ќе расте најбрзо во Европа. ЕБОР предвидува годинава  македонскиот БДП да се зголеми за 3,5 проценти.

 

Сузана Фиданска - Стоевска