Лани изградени 3.839 објекти, најмногу во скопскиот регион

12.06.2015 10:58

Според податоците на Државниот завод за статистика, деловните субјекти лани граделе вкупно 1.734 објекти, а завршиле 1.772 стана со вкупна површина од 122.332 метри квадратни...

Градежните фирми лани извршиле работи во вредност од 405 милиони евра. Од нив, 141 милион  евра биле инвестирани во  објекти во индивидуална сопственост. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, деловните субјекти лани граделе вкупно 1.734 објекти, а завршиле  1.772 стана со вкупна површина од 122.332 метри квадратни.

Просечната корисна површина на завршените станови изнесува  69 метри квадратни. 

По региони, најмногу се градело во копскиот регион, по што следат вардарскиот и пелагонискиот регион.