Повеќе дозволи за македонските превозници со Германија за 2016-та

12.06.2015 12:03

За до крајот на 2015-та, во Бон, Македонско-германската комисија за меѓународен превоз на патници и стока договори дополнителна квота од 400 транзитни дозволи за возила со евро 5 стандарди, јавуваат од Министерството за транспорт и врски...

Превозничкиот сообраќај на патници и стока меѓу Германија и Македонија во 2016-та ќе бележи раст од 18 насто, односно за 1.200 дозволи повеќе за транспортерите од двете земји.

За до крајот на 2015-та, во Бон,  Македонско-германската комисија за меѓународен превоз на патници и стока договори дополнителна квота од 400 транзитни дозволи за возила со евро 5 стандарди, јавуваат од Министерството за транспорт и врски.

За наредната година, прелиминарно договорената квота дозволи опфаќа: 2.000 за возила со Евро 3 стандард, 1.000 со Евро 4,  4.700 со Евро 5 стандард и 1.000 билатерални дозволи за возила со стандард Евро 6.

Во Бон се договорени и 150 дозволи за трети земји со Евро 4, 450 со Евро 5 и 50 дозволи за трети земји со стандард Евро 6. Што се однесува до годишните дозволи, 10 се од категоријата за возила со Евро 4, 50 се за возила со Евро 5, и 5 годишни дозволи се за Евро стандард 6. 

Овие квоти ги задоволуваат потребите на македонските превозници во целост, информираат од ресорното министерство.