Раст на БДП од 3,2% во првиот квартал

12.06.2015 16:19

3,2 проценти е Бруто домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од оваа година – објави државната статистика. Највисок раст има кај техничките и административните услуги. И Светска банка излезе со прогноза за раст на македонската економија годинава за 3,5%, што е најголем раст во регинот и меѓу највисоките во Европа...

Eкономијата во првото тримесечје годинава пораснала на 3,2%- објави државната статистика. За споредба во четвртиот квартал лани, растот изнесувал 2,7%.

Анализата покажува дека годинава најголем пораст од 9,9% е забележан во научните и административни сектори.

Зголемување од 6,6% е забележано кај дејностите уметност и забава. Пораст од 6,3 статистика евидентира кај трговијата и транспортот. Во истовреме финансиските дејности и осигурувањето имале зголемување на активностите од 6,2%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, во првите три месеци од 2015-та година, номинално пораснала за 1,6%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесувало 69,6%. Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголемил за 13,4%, а увозот забележал зголемување во номинален износ од 5,5%.

Вчера Светска банка излезе со прогноза за раст на македонската економија годинава за 3,5%, што е најголем раст во регинот и меѓу највисоките во Европа. За в година се очекува домашното стопанство да порасне за 3,8 а во 2017-та за 4%.

Идентична проекција објави и Европската банка за обнова и развој во мајскиот извештај предвидувајќи раст од 3,5%.

 

Анита Димитријевска