Инфраструктурен бум во Охридско- струшкиот регион

15.06.2015 11:29

Се гради 250 километри патна мрежа. Новите автопати се од големо значење не само за економијата туку и за туризмот. Ангажирани се 2.500 градежни работници. Интензивно се работи на автопатот Кичево- Охрид. Пробиени се над 35 проценти од трасата...

Инфраструктурниот бум продолжува и годинава. Се гради 250 километри патна мрежа. Новите автопати се од големо значење не само за економијата туку и за туризмот. Ангажирани се 2.500 градежни работници. Интензивно се работи на автопатот Кичево- Охрид. Пробиени се над 35 проценти од трасата. Паралено течат подготовките на експресниот пат Охрид- Пештани. Вредноста на овие два патни правца чини 482 милиони евра.

„Очекуваме некаде крајот на оваа, почетокот на следната година да започне градбата на експресниот пат помеѓу Охрид и Пештани. Заедно овие два патишта, Охрид- Пештани и Охрид- Кичево, се во износ од околу 240 милиони евра, инвеситиција значајна за Охрид и регионот“, изајви премиерот Груевски.

Странските инвестиции се значајни, во Охридско- струшкиот регион две странски компании одлучија да инвестираат ОДВ Електрик и Костал. Веќе наредниот месец треба да почне изградбата на новиот објект на ОДВ кој ќе биде функционален во првиот квартал наредната година, планот е бројот на вработувања да достигне до 1.000. Втората компанија Костал е во процес на адаптација на брунфилд инвестицијата. Двете компании ќе бидат сместени во зоната во Струга.

„Во јули ќе ја започнат градбата, а треба да ја завршат до април следната година, таму се планираат директни 1.000 вработувања. Втората инвестиција Костал веќе започна проект за адаптирање на браунфилд инвестицијата, а во октомври треба да почнат со работа, кога и ќе почнат првите нивни вработувања“, нагласи премиерот Груевски.

За Вевчани и младите кои живеат во оваа општина, спортската сала која беше пуштена во употреба е од голема важност. Премиерот Груевски се осврна на капиталните проекти при денешаната посета на охридско-струшкиот регион каде беа пуштени во употреба спорската сала во вевчани, повеќенаменско игралиште во лабуништа,реновираното учлиште во боровец а присуствуваше и на пуштањето во употреба на реконструираниот  локалниот пат елешец – елшани во охридско. 

Јованчо Наумоски