Балетот „Заспани убавици“ за старт на годинашното „Скопско лето“

18.06.2015 13:36

Премиерата на балетот „Заспани убавици“ го отвора годинашното „Скопско лето“. Работен е според романот „Куќата на заспаните убавици“ на Јасунари Кавабата...

Триесет и шесттото издание на „Скопско лето“ почнува в недела. Во наредните 40 дена се нудат преку 60 програми од 20 музички настани, 15-тина драмски изведби, изложби и филмови.

Премиерата на балетот „Заспани убавици“ го отвора годинашното „Скопско лето“. Работен е според романот „Куќата на заспаните убавици“ на Јасунари Кавабата, на музика на Вагнер, Григ, Бах, Малер, Милан Димушевски. Кореографката Евтимова на прес-конференцијата рече дека балетот е ново гледање и нов пристап на приказната за заспаната убавица.

Во исто време, во недела од 21 часот, во Мала станица ќе биде отворена изложба „Просторна екстензија на уметноста“ по повод 25 години Галичка ликовна колонија.