Рим: Запленети четири милиони евра закопани во двор на нарко- бос

18.06.2015 17:22

Во полициската акција се уапсени осум лица, седум во Италија и еден во Португалија...

Италијанската финансиска полиција запленила скоро четири милиони евра во готово, коишто биле закопани во дворот на куќата на шеф на нарко мрежа во близина на Торино.

Во полициската акција се уапсени осум лица, седум во Италија и еден во Португалија. Продолжува потрагата по останатите седум, од кои тројца се Бразилци.

Групата е осомничена за членство во организирана мрежа за шверц на наркотици, која криумчарела кокаин од Јужна Африка за италијанската мафија Ндрангета.