Топлотниот бран во Пакистан веќе однесе над 450 жртви

23.06.2015 13:00

Метеоролозите предвидуваат дека топлото време ќе се задржи до крајот на неделата...

Од топлотниот бран што го зафати Карачи, најголемиот град на Пакистан досега починаа повеќе од 450 лица.

Во јуни 1979 година во овој град беа регистрирани максимални 47 Целзиусови степени, што е највисоката измерена температура во Карачи. Тогаш во градот починаа повеќе од 200 лица, повеќето како последица на топлотен удар и од дехидратација.

Метеоролозите предвидуваат дека топлото време ќе се задржи до крајот на неделата кога се очекува мало разладување.