Мисајловски: Македонија на транспортната мапа на Европа
Во август на премиерската конференција на Западниот Балкан во Aвстрија ќе бидат дефинирани проектите за патната и железничката мрежа, финансирани од Eвропската унија и од националните буџети, изјави ресорниот министер Mисајловски...

Македонија е на транспортната мапа на Eвропа. Во август на премиерската конференција на Западниот Балкан во Aвстрија ќе бидат дефинирани проектите за патната и железничката мрежа, финансирани од Eвропската унија и од националните буџети, изјави ресорниот министер Mисајловски.
„Важно беше од наша стрна да се потенцира дека Коридорот 8 и 10, како за железничкиот сектор, така и за патната инфраструктура ќе влезат во мапата на ЕУ и ќе има можност понатаму да се бараат дополнителни средства и грантови за да ги финансираме тие делници. Важно е да видиме во август колку средства ќе се добијат и ние дали ги имаме проектите за да аплицираме“, вели министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.
Министерот Мисајловски најави и дека почнува проектот за обнова на 10 железнички станици на Коридор 10, кој започнува со обновата на железничката станица во Прилеп. Се очекува активностите во Прилеп да почнат следната недела.
Покрј во овој град комплетно нов изглед треба да добијат и железничките станици во Велес, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино – Вардар.
