Оценка на обвинението за случајот „Поткуп”

01.07.2015 16:20

Адвокатите побараа судот да не ја земе предвид видео снимката што се појави прво на Јутјуб, а потоа и во медиумите, а за која своевремено се тврдеше дека е главниот доказ дека Заев побарал мито...

Да се одбие како неосновано обвинението против Зоран Заев за барање поткуп од негов сограѓанин, категорично побара адвокатскиот тим на лидерот на опозицијата. Според нив, Заев од позиција на градоначалник не зел пари од струмичанецот Иван Николов како донација за изградба на црква.  

Адвокатите побараа судот да не ја земе предвид видео снимката што се појави прво на Јутјуб, а потоа и во медиумите, а за која своевремено се тврдеше дека е главниот доказ дека Заев побарал мито. Обвинителството пак рече дека сите докази се обезбедени во законска постапка и дека струмичкиот градоначалник побарал поткуп од 163 илјади евра за продажба на градежно земјиште.

Ова е втор случај годинава во кој Зоран Заев е осомничен за кривично дело.

Судот вчера излезе со соопштение дека во целост го прифаќа обвинението за случајот Пуч, во кој лидерот на опозицијата е обвинет за вршење насилство врз највисоките државни органи.

 

Анита Димитријевска