Самарас ја заборави Македонија
Грчкиот премиер Антонис Самарас обраќајќи се пред Европскиот парламент во Стразбур, каде ги изложи приоритетите на грчкото претседателство со Европската Унија, зборуваше и за проширувањето на Европската Унија, но избегна да ја спомнe Република Македонија, најстариот кандидат за членство од земјите од Западен Балкан.
Проширувањето на ЕУ е еден од приоритетите на Грција, но сигурно не еден од најглавните ако се согледа дека од 32 минутниот говор на Самарас на проширувањето му беше посветена само една минута.

Пред европратениците, грчкиот премиер нагласи дека Грција секогаш го поддржува проширувањето на ЕУ.
„Грција покажа дека го подржува проширувањето во минатото, посебно за земјите од Западен Балкан. Тоа што не интерсира е да бидеме практични и ефикасни. Патот за зачленување на овие земји во ЕУ зеде нова динамика во последните две години, благодарејќи на членството на Хрватска, почетокот на преговорите со Црна Гора и доделувањтео на статут на земја кандидат на Србија“, - рече Самарас. Притоа тој избегна да наведе дека Република Македонија е земја кандидат за членство во ЕУ од 2005 година и пет години со ред добива препорака за преговори од ЕП и Европската комисија.
Според грчкиот премиер „добро е што проширувањето продолжува и понатаму во моментот кој е транзициски за ЕУ“.
„Грчкото претседателство ќе направи се“, за да го промовира процесот на проширувањето за секоја од овие земји во функција на нивните постигнувања и специфичности. Треба да се потсети дека основните принципи и механизмите на агендата од Солун продолжува да ги одредува смерниците на регионот кон европската интеграција“ – нагласи Самарас пред европратениците во Стразбур.
Во говорите и дискусијата која следуваше до испраќањето на извештајот, само претседателот на Европската комисија се осврна на проширувањето во контекстот на одбележувањето од стогодишнината од Првата светска војна, која започна на Балканот и тежнеењето на балканските земји да и се приклучат на Европската Унија.
Тони Гламчевски