Објавен огласот за вработување ранливи категории
Заинтересираните компании може да аплицираат во подрачните единци на Агенцијата. Ќе се финансираат за квалификуван работник со 22 илјади денари месечен надоместок, 17 илјади за бруто плата, 5 илјади трошоци за обука во период од шест месеци со обврска да ги задржат на работа минимум една година...

Фирмите кои ќе вработат ранлива категорија граѓани ќе добијат паричен надоместок од државанта каса и плата за вработеното лице. Огласот е објавен, заинтересираните компании може да аплицираат во подрачните единци на Агенцијата. Ќе се финансираат за квалификуван работник со 22 илјади денари месечен надоместок, 17 илјади за бруто плата, 5 илјади трошоци за обука во период од шест месеци со обврска да ги задржат на работа минимум една година.
„Апелираме до сите работодавачи добро да ги проучат можностите, се нудат голем број на корисни ефекти за самите компании, се разбира и за вработување на нови лица. Со пријава до подрачните единици или до централата на АВРМ, веднаш ќе бидат ставени во процедура и потоа би се поврзувале работодавачите и невработените лица кои се целна група“, изјави Александар Ѓорѓиев, портпарол на Владата на РМ.
Фирмите кои ќе вработат приматели на социјална помош, жртви на семејно насилство или лица кои растеле без родителска грижа преку проектот „Македонија вработува“ ќе добиваат максимална субвенција од по 11.900 денари, шест месеци и пет гподини ќе бидат одлободени од социјални придонеси.
„Ќе опфатиме 134 невработени лица, а обезбедени се средства од 11 милиони денари. Во соработка со Агенцијата за вработување продолжуваме со низа поволности и огласи“, вели министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Со финансиската стимулација на компаниите се очекува што поголем број лица од ранливите категории да добијат вработување за кое од државната каса ќе им бидат исплатени придонесите за здравствено и осигурување при вработување.
Сузана Фиданска Стоевска
