Богов: Нема потреба од надворешна помош поради грчката криза

05.07.2015 13:07

Веруваме дека домашниот банкарски сектор е отпорен, но секогаш е добро да има отворени опции, вели гувернерот Богов во изјава за „Ројтерс“...

Македонските банки немаат потреба од надворешна помош за да го превенираат евентуалното влијание од кризата во Грција, но пристапот до инструментите за рефинансирање на Европската централна банка можат да послужат како добра поддршка ако е потребно, смета гувернерот на Народната банка на Македонија Димитар Богов.

Веруваме дека домашниот банкарски сектор е отпорен, но секогаш е добро да има отворени опции, вели гувернерот Богов во изјава за „Ројтерс“.

Според Богов, не е јасно дали инструментите на Европската централна банка ќе се применуваат и на земјите надвор од ЕУ. Ако се применуваат, тоа би била совршена поддршка, смета гувернерот на НБРМ.