Во Косово приведен бегалецот од Брест, осомничен за учество во нападот во Куманово

07.07.2015 17:38

За време на увид на терен тој успеа да им побегне на полициските службеници додека им покажувал каде вооружената група го криела оружјето...

На Косово е уапсен Сулејман Османи, жител на селото Брест, осомничен дека учествувал во нападот во Куманово. Почната е постапка за негова екстрадиција во Македонија.

За време на увид на терен тој успеа да им побегне на полициските службеници додека им покажувал каде вооружената група го криела оружјето. За овој случај беше покрената постапка против полициските службеници кои го обезбедувале.

Според полициски информации, Османи во својот дом криел и дел од оружјето одземено од караулата во Гошинце.