Голем интерес за ИПАРД фодновите

08.07.2015 10:28

Двојно поголем интерес за средствата од европските ИПАРД фондови. На последниот оглас повеќе од 800 земјоделци поднеле барање за субвенционирање на нивните инвестиции...

На последниот ИПАРД оглас барање поднеле повеќе од 830 земјоделци што е двојно повеќе од претходните.

Големиот интерес е резултат на поедноставната процедура и можноста за ко-финансирање на трактори и механизација.

Сега се финансираат и поголеми инвестиции.

Наместо до 800 илјади во преработувачката индустрија ќе се подржуваат проекти и до три милиони евра.

 

Методија Трајков