Итните реформи од извештајот на Прибе на собраниски комисии
Ќе се дискутира за системските прашања за владеење на правото, кои се однесуваат на следењето на комуникациите објавени пролетта 2015 година, во делот за независни регулаторни, контролни и надзорни тела...

Шест собраниски комисии денеска и утре ќе ја разгледуваат листата на итни реформски приоритети, кои произлегуваат од препораките во извештајот на групата на Европската комисија, што ја предводеше поранешниот директор во комисијата, Рајнхард Прибе.
Ќе се дискутира за системските прашања за владеење на правото, кои се однесуваат на следењето на комуникациите објавени пролетта 2015 година, во делот за независни регулаторни, контролни и надзорни тела.
Основните стандарди на демократското владеење мора да се исполнат, и е неопходен конструктивен политички дијалог меѓу власта и опозицијата, и покрај политичките разлики.
Местото на секоја избрана партија е во собранието, стои во препораките. Разгледувањето на листата на реформите и на препораките, следи по последната координација на пратеничките групи во петокот, на која присуствуваа вицепремиерот Бесими и министерот за надворешни работи Никола Попоски.
