Дводневна конференција посветена на борбата против корупцијата
Присуствуваат судии и јавни обвинители од сите инстанци и од сите апелациски подрачја, адвокати и претставници на релевантни институции...

Во Охрид се одржува дводневна конференција на тема „Антикорупција, најдобри практики во борбата против јавната корупција“, во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, со финансиска поддршка на Американската амбасадата и на Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите.
Присуствуваат судии и јавни обвинители од сите инстанци и од сите апелациски подрачја, адвокати и претставници на релевантни институции.
Конференцијата ќе ја отворат заменик-министерот за правда Билјана Бришкоска-Бошковски, јавниот обвинител Марко Зврлевски, директорот на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев” и шеф на делегацијата на РМ во Комитетот на ГРЕКО Анета Арнаудовска, претседателот на Адвокатската комора на РМ Никола Додевски и Марк Л. Ласер, виш правен советник од Правна канцеларија на ИНЛ, Амбасада на САД.
Во рамки на завршните заклучоци од дводневната конференција, утре, според најавата, на присутните им се обрати и американскиот амбасадор Џес Л. Бејли.
