Охрид се справува со феноменот бели пеперутки
09.07.2015 11:43
Градоначалникот Бакрачески веќе побарал од Факултетот за Биологија и Управата за ветеринарни работи изработување стратегија за решавање на овој проблем...

Охрид се справува со феноменот бели пеперутки кои го преплавија крајбрежјето. Вечер екипи на Центарот за јавно здравје ќе извршат земјено прскање за уништување на роевите.
Сепак надлежните во Општината велат дека ова не е трајно решение и бараат помош од надлежното министерство за да се откријат причините за оваа наезда, но и да се уништат ларвите на инсектите.
Градоначалникот Бакрачески веќе побарал од Факултетот за Биологија и Управата за ветеринарни работи изработување стратегија за решавање на овој проблем.
