Конгресната група пријатели на Македонија доби четири нови членови

09.07.2015 11:57

Kонгресменот Пол Кук, републиканец од Калифорнија, конгресменот Дон Бејер, демократ од Вирџинија, конгресменот Курт Клосон, републиканец од Флорида и конгресменот Брендон Бојл, демократ од Пенсилванија, се приклучија во Конгресната група пријатели на Македонија и Американци со македонско потелко...

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) соопшти дека конгресменот Пол Кук, републиканец од Калифорнија, конгресменот Дон Бејер, демократ од Вирџинија, конгресменот Курт Клосон, републиканец од Флорида и конгресменот Брендон Бојл, демократ од Пенсилванија, се приклучија во Конгресната група пријатели на Македонија и Американци со македонско потелко, со што оваа група сега брои 24 конгресмени, т.е. 6 повеќе од почетокот на оваа година.

„Овој успех е производ од зголемениот активизам на американците со македонско потелко како и растечката поддршка од членови на американскиот Конгрес кои ја разбираат важноста на односите помеѓу САД и Македонија. Пристапувањето на четирите нови конгресмени кон оваа група претставува подобрување на можностите да се обезбеди објективен дијалог за прашања од значење за Македонија и американци со македонско потелко“, изјави претседателот на ОМД, Методија А. Колоски.

Конгресната група пријатели на Македонија и Американци со македонско потелко има членови од 14 од вкупно 50 сојузни држави во САД и еден федерален дистрикт, а 13 се републиканци, 11 демократи.