МВР вчера издало 445 потврди за барање азил
09.07.2015 13:40
Во изминативе 24 часа, 445 државјани на Сирија, Авганистан, Ирак, Пакистан, Сомалија искажале намери за барање на азил...

И натаму се регистрираат странските бегалци во земјава. Во изминативе 24 часа, 445 државјани на Сирија, Авганистан, Ирак, Пакистан, Сомалија искажале намери за барање на азил.
Од 19 јуни откако стапија во сила измените на законот за азил, издадени се вакави потврди на околу 10 илјади бегалци. Од нив се поднесени 32 барања за признавање на азил, најмногу од Сирија, Пакистан, Мароко и Алжир.
Екипите на Црвениот крст и натаму дистрибуираат прва помош на прифатниот пункт на железничката станица во Гевгелија, а во текот на вчерашниот ден во гевегелиската болница се згрижени 6 лица.
