Хан следната недела во Скопје, политичките лидери да ја преземат одговрноста
Разговорите на четворицата лидери дојдоа до критична точка, очекуваме конструктивен пристап, вели портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич...

Ги повикуваме четворицата политички лидери во Македонија да ја преземат одговорноста и да ги реализираат обврските од договорите од 2-ри и 19-ти јуни, изјави портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич во Брисел. Еврокомесарот Хан е во постојан контакт со лидерите и тој доаѓа во земјава наредната недела.
„Разговорите на четворицата лидери дојдоа до критична точка, очекуваме конструктивен пристап, и затоа ќе работиме на итно разрешување на политичката криза. На една работа сеуште очигледно се чека, и затоа нема време за губење пред предизвиците со кои земјата се соочува. Сите знаете дека сите четворицата лидери го потпишаа договорот на втори јуни во Скопје, со повторување на обврските од 19-ти јуни. Според нас овој договор е основа за краен компромис и затоа веруваме дека тие мора да ги спроведат обврските од договорот и дека интересот на земјата треба да е пред се. Еврокомесарот Хан е во постојани контакти со лидерите и планира да дојде во Скопје во почетокот на следната недела. Генерално, состојбата е на критична точка и компромисот мора да биде суштински елемент во демократијата и политичката енергија треба да биде фокусирана, не спрема партиските прашања туку на реформите, што се нагласени во препораките на Комисијата“, изјави Коцијанчич.
