Груевски: Нови 30 вработувања за децата без родители
Досега со проектот „Д 10“, што почна да се реализира во 2013 година, се вработени 113 деца од оваа категорија, а со новите 30 вработувања нивната бројка ќе достигне до 143...

Уште 30 полнолетни штитеници од Домот за деца без родители „11 Октомври“ ќе бидат вработени во државни институции најави премиерот груевски.
„Во фаза е нова тура на примање 30 деца кои излегле од Домови за грижа на деца без родители и за десетина дена треба да заврши целокупната процедура и да почнат со работа во различни државни институции“, рече премиерот Груевски во одговор на новинарско прашање по пуштањето во употреба на двојното тениско игралиште во ОУ „Кочо Рацин“ во општина Петровец.
Тој истакна дека досега со проектот „Д 10“, што почна да се реализира во 2013 година, се вработени 113 деца од таа категорија, а со новите 30 вработувања нивната бројка ќе достигне до 143.
