Катастарот електронски се поврзува со државните институции

09.07.2015 16:05

Сите документи со правна основа ќе бидат доставувани исклучиво по електронски пат. Проектот предвидува измена на 30 закони од кои повеќе од половината се донесени, а уште 11 се во процедура...

Поедноставени процедури, скратени рокови. Агенцијата за катастар електронски се поврзува со државните институции. Сите документи со правна основа ќе бидат доставувани исклучиво по електронски пат. Проектот предвидува измена на 30 закони од кои повеќе од половината се донесени, а уште 11 се во процедура.

Новина е и што судовите ќе можат правосилните одлуки да ги достават електронски до Катастарот, а ќе се праќаат и сите решенија за приватизација на дворните места. Според  првиот човек на Катастарот, граѓаните ќе имаат најголема придобивка.  

Катастарот вклучува 700 професионални корисници, а преку новиот проект бројот ќе се зголеми за уште 200. Агенцијата за катастар 44 проценти од бројот на предмети ги добива по електронски пат, а новите измени ќе овозможат 24 часа увид во е- катастарот.

 

Дијана Ценевска