ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев не сакаат избори
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница заклучил дека во натамошните разговори нема простор за нови отстапки, особено не во делот на организацијата на владата...

Во врска со ставот на СДСМ, извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница заклучил дека во натамошните разговори нема простор за нови отстапки, особено не во делот на организацијата на владата што треба да ги подготви наредните избори.
ВМРО- ДПМНЕ смета дека СДСМ беше неодговорен за време на преговорите, дека не сака избори во април 2016-та поради очигледниот тежок пораз што ги очекува. Во ВМРО- ДПМНЕ сметаат дека СДСМ, покрај политичката, посакува и економска криза со краен резултат на губење на препораката за почнување на преговори со ЕУ.
Незаконски стекнатите и монтирани материјали на СДСМ се пречка за учеството на ВМРО- ДПМНЕ на преговорите бидејќи според оваа партија, СДСМ ја манипулира јавноста.
Уште еднаш ВМРО- ДПМНЕ потврдува дека е подготвена да го спроведе договорот од 2-ри јуни, но дека нема да продолжи со отстапките кон СДСМ и нема да прифати промена на премиер и министри.
