ИРИ: Иванов и институцијата Претседател во континуитет со највисоки оценки

10.07.2015 13:03

Анкетата на ИРИ покажува дека претседателот Иванов и институцијата шеф на државата, ги задржуваат водечките позиции, како и континуираната позитивна оценка кај граѓаните...

Шефот на државата Ѓорге Иванов и институцијата Претседател на Република Македонија се со највисоки оценки од граѓаните, покажуваат резултатите од последната анкета на ИРИ.

Од 1 до 5, граѓаните ја оцениле институцијата Претседател со просечна оценка 2,59, за Владата просечната оценка е 2,5, а за Собранието 2,15. Граѓаните опозицијата ја оцениле со 2,29, додека медиумите со 2,4.

Анкетата на ИРИ покажува дека претседателот Иванов и институцијата шеф на државата, ги задржуваат водечките позиции, како и континуираната позитивна оценка кај граѓаните.

Анкетата е спроведена од 6 до 15 јуни, на примерок од 1.105 испитаници.