Јолевски - Фаркаш: Потврдени добрите билатерални односи
НАТО и Европската Унија остануваат стратегиските цели на Македонија и ние напорно работиме во таа насока-потенцирал министерот Јолевски...

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски оствари средба со заменик-помошникот секретар за одбрана на САД, Евелин Фаркаш. На средбата потврдени добрите билатерални односи меѓу двете држави, што се темелат на договорот за стратегиско партнерство од 2008-та година.
САД ја поддржува Македонија во напорите за евроатлантско интегрирање. НАТО и Европската Унија остануваат стратегиските цели на Македонија и ние напорно работиме во таа насока-потенцирал министерот Јолевски.
Американскиот заменик-помошник секретар за одбрана Фаркаш со признание за нашето учество во мировните операции.
На одвоена средба, началникот на генералштабот на АРМ, генерал потполковник Горанчо Котески, се сретна и разговараше со американскиот бригаден генерал Вилијам Хол.
