Хан утре доаѓа во Македонија придружуван од Вајгел, Ховит и Кукан

13.07.2015 14:38

Според известувањето од Европската Комисија, Хан ќе има средби со лидерите на четирите најголеми политички партии Груевски, Заев, Ахмети и Тачи...

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан утре доаѓа во Скoпје. Ќе го придружуваат и европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, со цел да се постигне одржлив договор за надминување на политичката криза во земјава. Според известувањето од Европската Комисија, Хан ќе има средби со лидерите на четирите најголеми политички партии Груевски, Заев, Ахмети и Тачи.

Основа за постигнување на конечен договор, како што деновиве изјави портпаролката Маја Коцијанчич, е договорената рамка од 2-ри јуни што предвидува превземање на итни реформи во неколку области, што по предлог на Европската Комисија веќе ги спроведува македонската влада.

Според договореното, до крајот на април идната година треба да се одржат вонредни парламентарни избори.