„Мој термин“: Несовесните пациенти создаваат вештачки долга листа на чекање
Доколку несовесните пациентите ги откажувле прегледите, листата на чекање ќе се намали за повеќе од пет пати. Надлежните велат, за 8 проценти е зголемен бројот на пациенти кои навремено ги откажуваат закажаните прегледи споредбено со месец мај, но се уште има простор за подобрување...

Пациенти закажувале „Мој термин“ и по 17 пати и воопшто не се појавиле кај доктор. Ќе бидат предупредени дека незаконски и несовесно постапувале со системот. Со нивните постапки ги спречиле пациентите на кои им е неопходен брз преглед да добијат термин. Оваа појава создава вештачки долга листа на чекање и директно го оптоварува здравствениот систем- велат надлежните.
„Ќе биде инфомиран матичниот лекар и лично пациентот кој не дошол на закажаниот преглед, а ќе биде посетен во неговиот дом од страна на Министерството за здравство со цел да видиме која е причината поради која што за само 6 месеци, 17 пати закажува еден преглед и 17 пати не се појавува на тој преглед. Има повеќе пациенти кои 6 пати немаат дојдено на преглед, секој месец закажува по еден преглед, а воопшто не доаѓа“, изјави министерот за здравство, Никола Тодоров.
Доколку несовесните пациентите ги откажувле прегледите, листата на чекање ќе се намали за повеќе од пет пати. Надлежните велат, за 8 проценти е зголемен бројот на пациенти кои навремено ги откажуваат закажаните прегледи споредбено со месец мај, но се уште има простор за подобрување.
Прегледите можат да се откажат со јавување на бројот 15- 444 или преку СМС порака на бројот 144- 149 со содржина- бројот на упат.
Андријана Атанасовска
