Матурантите ги добија резултатите, право на приговор во наредните три дена

14.07.2015 16:31

Матурантите кои ги анкетиравме генерално задоволни од постигнатите резултати. Учениците кои имаат забелешка од резултатите може да поднесат приговор кај предметните комисиии во училиштата во наредните три дена...

Средношколците ги добија оцените од државната матура од јунската сесија. Матурантите кои ги анкетиравме генерално задоволни од постигнатите резултати. Учениците кои имаат забелешка од резултатите може да поднесат приговор кај предметните комисиии во училиштата во наредните три дена.

Средниот успех на државната матура е 3,37 и е подобар од лани кој изнесуваше 3,11 . Подобрување на успехот има по секој предмет вклучувајќи ја и математиката.

Иако средношколците покажаа голем отпор кон овој предмет, резултатите ни даваат дополнителни аргументи дека сме биле во право кога сакавме математиката да биде задолжителна, вели министерот Адеми. По добивање на резултатите од матурата и екстерното тестирање,  ресорното министерство ќе се консултира со сите засегнати страни за да се најде заедничко решение по ова прашање.

Во август, како што рече Адеми може да се очекува нова средба меѓу сите засегнати страни во процесот на екстерно тестирање и државна матура.  

 

Викторија Милевска