Заштитни мрежи во земјоделството - новина за домашните производители
15.07.2015 10:20
Користењето на заштитни мрежи во земјоделството е новина за домашните производители. Државата ги субвенционира, но интересот е сеуште мал, иако се постигнуваат големи ефекти...

Додека во развиените земји се вообичаена практика, заштитните мрежи се новина за нашите производители. Основна функција им е заштитата од град, и намалување од штетното УВ зрачење.
Мрежата се користи и за заштита од доцните пролетни мразеви, особено за праските и кајсиите.
Преку ИПАРД овие инвестиции се субвенционираат со најмалку 50 проценти за градежните материјали и за опремата.
Методија Трајков
