Почна откупот на пченица

15.07.2015 10:29

Годинашната реколта на пченицата се очекува да биде 200 илјади тони лебно зрно од посеаните 70 илјади хектари...

Во прилепско почнува откупот на пченицата од годинешната реколта, а мелничарите се подготвени да платат по 11 денари од килограм лебно зрно, за прва класа.

Од најголемиот откупувач „Жито Прилеп“ велат дека ќе се држат до минатогодишните правила, и во зависност од квалитетот, ќе откупат најмалку илјада и 500 тони пченица. За втората класа ќе се плаќа 10, а за третата 9 денари за килограм.

На производителите, 30 насто ќе им се исплати за 7 дена, а остатокот во рок од 3 месеци. Бидејќи 90 проценти од земјоделците немаат сопствени силоси, наскоро Платежната агенција ќе објави оглас за нивна изградба, и преку ИПА- програмата истите ќе се субвенционираат со 75 насто од вредноста.

Годинашната реколта на пченицата се очекува да биде 200 илјади тони лебно зрно од посеаните 70 илјади хектари, а се планира и увоз на уште 160 илјади тони, главно од Србија.