Меѓународен конкурс за избор на композиции на фестивал на музика „Макфест 2014“ - Штип

16.01.2014 14:04

Општина Штип како организатор го распишува меѓународниот конкурс за 29. издание на Фестивалот на музика „Макфест 2014“ кој ќе се одржи вo последната недела на мај 2014 година во Штип.

 

РОК И УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ

 

Конкурсниот рок за поднесување на композициите е три месеци од објавувањето, најдоцна до 12 часот во архивата на Општина Штип.

На Конкурсот може да учествуваат домашни и странски физички и правни лица. Сите заинтересирани учесници кои ги поседуваат потребните квалификации и кои сакаат да се изразат со својот квалитет, способност и креативна идеја имаат право да учествуваат на Конкурсот.

 

Учесниците треба да ги приложат следниве докази:

  • Подносителот на композицијата задолжително треба да достави склучен договор со авторот на музиката, авторот на текстот, авторот на аранжманот. Во прилог на пријавата, задолжително да се достави писмена изјава од подносителот на песната на Конкурсот за точната распределба на наградата по проценти наменета за: изведувачот, авторот на музиката,  авторот на текстот  и авторот на аранжманот потпишана своерачно;
  • Доколку изведувачот е автор на музиката, односно на текстот, односно на аранжманот, треба да достави изјава дека тој е автор на музиката, односно на текстот, односно на аранжманот; 
  • Авторскиот тим задолжително поднесува изјава од авторот на музиката, авторот на текстот и од авторот на аранжманот дека доставената композиција не била претходно изведена;

            Адреса за доставување: Општина Штип, ул. „Васил Главинов“ 4б, 2000 Штип, Република Македонија.

            Конкурсниот труд да биде доставен во затворен плик со назнака: За Конкурс за композиција на фестивалот Макфест за 2014 година со шифра (најмногу 5 знака од букви или  броеви) и текстот „НЕ ОТВОРАЈ“. Податоците за авторскиот и за изведувачкиот тим треба посебно да се наведат во посебен затворен плик приложен со документацијата со назнака „АВТОР“ и „ИЗВЕДУВАЧКИ ТИМ“ – поединец или група и назначен со истата шифра. Целата документација се доставува во три примероци.

            За избор на композициите што ќе учествуваат на фестивалот „Макфест 2014“ година ќе се формира стручен тим кој ќе ги избере композициите што ќе се изведуваат на Фестивалот.

            Општината со избраните автори и изведувачи на Конкурсот за избор на композиција на Фестивалот годинава ќе склучи договор на кои ќе им биде исплатено по 30.000 денари надомест.

            Со предавањето на композицијата, авторот ќе го пренесе правото на Организаторот за нејзино графичко печатење, за прва јавна изведба, за пренос преку радио-телевизиски станици, за снимање на носачи на звук и слика или сите овие права, односно некои од овие права, ќе ги пренесе на трети лица. Организаторот ќе стане сопственик на фонограмот што ќе биде снимен.

            Постпродукцијата на сите примени композиции ја реализира организаторот.

По завршувањето на Фестивалот ќе се доделат пет награди и тоа:

  • 1 награда 20.000 евра (распределена врз основа на претходно доставената писмена изјава за распределба на средствата.)
  • 2 награда 15.000 евра (распределена врз основа на претходно доставената писмена изјава за распределба на средствата.)
  • 3 награда 10.000 евра (распределена врз основа на претходно доставената писмена изјава за распределба на средствата.)
  • Награда за најдобар дебитант 3000 евра (распределена врз основа на претходно доставената писмена изјава за распределба на средствата.)
  • Награда за најдобар сценски настап 3000 евра (распределена врз основа на претходно доставената писмена изјава за распределба на средствата.)

 

     Организаторот нема обврска да им ги врати на авторите композициите што нема да бидат прифатени.

 

  1. УСЛОВИ ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ КОМПОЗИЦИЈА

 

Авторите се должни да достават оригинална композиција напишана за глас и ревиски оркестар во духот на македонскиот евергрин - шлагер со широки распеани медитерански рефрени наменета за фестивалот „Макфест 2014“ од Штип.  Композицијата треба да биде оригинална и досега неизведена. Изведбата на избраните композиции на Фестивалот ќе биде во живо со придужба на Ревискиот оркестар на МРТВ.

Избраните песни ќе бидат снимени во студиото на МРТВ.

Еден изведувач може да конкурира најмногу со една композиција.

Со предавањето на композицијата, авторот ќе го пренесе правото на организаторот на Фестивалот за нејзино графичко печатење, за прва јавна изведба, за пренос преку радио-телевизиски станици, за снимање на носачи на звук и слика или сиве овие права, односно некои од овие права, ќе ги пренесе на трети лица.

Организаторот ќе стане сопственик на фонограмот.

 

  1. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

 

  1. Општи критериуми за избор

 

  1. На Конкурсот нема да бидат поддржани композиции со текстови со

кои се промовира говор на омраза, кршење на човековите права или се заговара употреба на дрога, алкохол и коцка;

  1. Оригиналност и иновативност на авторот на композицијата;
  2. Квалитетот на песните да биде во сооднос со реномето и квалитетот на

Фестивалот;  

4. Композициите треба да се за глас и ревиски оркестар во духот на македонскиот евергрин - шлагер со широки распеани медитерански рефрени, во духот на новосоздадената забавна македонска песна, односно за глас и народен оркестар напишан во духот на македонската фолклорна традиција и мелоритмика.  Композицијата треба да биде оригинална и досега неизведена.

5.Композициите доставени на Конкурсот не треба да се подолги од 3’.30”.

  1. Посебни технички критериуми

 

1.  Композицијата се доставува во три идентични клавирски изводи со

испишан хармонски текст;

2. Целосен аранжман на композицијата за солист и ревиски оркестар;

3. Три идентични примероци на текст напишан на македонски јазик, со

кирилско писмо;

4.  Финалната снимка се доставува на ЦД.