Проектот „Македонија Вработува“ во Претор
Преку проектот може да се вработат лица од повеќе категории- до 35 години, кои се три месеци невработени, а за нивното вработување фирмите ќе бидат ослободени од плаќање придонеси три години со обврска една година да ги задржат на работа...

Агенцијата за вработување денеска во Претор ги презентира можностите и поволностите за вработување преку проектот „Македонија Вработува“. Досега вакви презентации се одржаа во повеќе градови низ државата.
Преку проектот може да се вработат лица од повеќе категории- до 35 години, кои се три месеци невработени, а за нивното вработување фирмите ќе бидат ослободени од плаќање придонеси три години со обврска една година да ги задржат на работа.
За граѓани од 35 до 50 години предвидено е пет години ослободување од плаќање на придонеси со обврска работодавачот да ги задржи плус една година на работа.
За оние над 50 години има пет години ослободување од плаќање на придонеси, додека за највозрасните над 58 години ослободување од плаќање на придонеси се до нивното пензионирање.
Презентација на „Македонија Вработува“ за утре е најавена во Стење.
